Мајка првпат на 40+: Психолог ги открива добрите и лошите страни на доцното мајчинство

6 септември 2019

Новиот начин на живот е најчестиот изговор кога се работи за поместените граници за раѓање деца. Во минатото да се роди дете после 40-тата се сметало за чудо, а денес е сè почеста појава.

Психологот Милица Зарин потврдува дека тоа одамна веќе не е невозможна мисија, и дава неколку причини поради кои границите се поместени:

Големи очекувања од жената:

„Медицината многу напредуваше на ова поле, па раѓањето на првото дете во петтата или шестата деценија не е веќе „феномен“ или „чудо“. Примерите на светските ѕвезди кои после 40-тата се одлучиле на тој чекор исто така влијаеја на некој вид тренд и кај нас. Тоа пак, на многу жени им влеа надеж дека не е доцна за мајчинство. Што се однесува до желбата да се остварат на професионален план, на таков социолошки и психолошки тренд влијаат многу фактори. Општеството прокламира рамноправност на половите и инсистира на еманципација на жените. Поради тоа жените, секако, не успеваат до крајот на 30-тите години да завршат со образованието, најдат стабилна работа, изградат кариера, да се поврзат со “вистинскиот“ партнер и да родат деца. Тоа се навистина големи барања за секој поединец, а очекувањата од жената сето тоа да го направи до одредени години се нереални и ирационални. Тоа е преголем товар што жените на современото доба го носат.

Пролонгирање на обврските и младоста:

„Во последните децении се поголем број млади остануваат во примарниот дом и доцна се осамостојуваат или тоа воопшто и не го прават. Една од причините е лошата економска ситуација, во што секако има вистина, но и сè подоцнежното одвојување од родителите. Младите девојки на пример завршуваат факултет, се вработуваат и примарното семејство помага во одржувањето на таквиот животен концепт, што на некој начин претставува одложување на одговорностите и обврските.

Вистинскиот партнер:

„Еден од најзначајните причини поради кои жените стануваат мајки во зрели години е што порано не успеале да препознаат личност со која може релативно среќно да живее и да се оствари како мајка. А тоа директно е поврзано со поставувањето приоритети во даден момент, во овој случај во младоста. Доколку приоритет ви е образованието и кариерата, ќе ги отфрлите можностите за стапување во брак и раѓање деца, дури и ако препознаете партнер со кој можете убаво да функционирате. Потоа, годините поминуваат, сфаќате дека кариерата не ви значи многу и дека мајчинството повеќе би ве исполнувало. Тогаш сфаќате дека приоритетите погрешно сте ги поставиле и дека мајчинството требало да биде пред кариерата и сега е потешко да се препознае и потенцијалниот добар партнер“.

Предности: Мајките после 40 погрижливи?!

„На ова тешко прашање не постои универзален одговор. Од префесионалното искуство сфаќам дека секоја жена која родила дете после “пропишаното“ време за родителска улога. Предностите можат да бидат психичка стабилност, ментална зрелост, емоционална регулација, поддршка од партнерот и пријателите, професионална оствареност.“ 

Недостатоци:

Недостатоците можат да бидат претерана попустливост, грижа за детето како центар на свет, во правец кој не е добар за неговото растење, размислувањето „долго го чекав, нека биде тоа како сака“, сè да биде по волјата на детето... Но, тоа нема многу врска со годините кога сте го родиле детето. Некои мајки се константно загрижени за децата, бдеат над нив, постојано ги анализираат, следат, констатно се инволвирани во животот на децата и тоа неретко води до “презаситување на детето“, што не е добро. Од друга страна, некои мајки се стабилни, со јасни граници кон децата и свесне за среќата што конечно имаат дете, но сепак не дозволуваат тоа чувство на хронична грижа да му нанесе штета на детето и нивниот однос“.

Годините на мајката не се пресудни:

„За односот мајка-дете не се пресудни годините, туку важно е што таа може да му пружи. Кога жената ќе се одлучи за раѓање после 40-тата, тоа во поголемиот дел од случаите е плански, а тоа понатаму подразбира подготвеност и самоедукација околу предизвиците на родителството. Жените тогаш веќе имаат посредни искуства за одгледување дете од своите другарки, семејство, примери од околината. На некој начин се “подготвени“ за мајчинство и имаат волја да ги надминуваат проблемите кои неминовно ги чекаат. Опкружувањето често е немилосрдно. Последните години ми изгледа како ситуацијата да се сменила на подобро, но и понатаму луѓето се склони кон осуда и ги критикуваат изборите и одлуките кои не се вклопуваат во некое клише на животот. Но фазата на “чудење“ брзо поминува. Мајчинството после 40-тата не се разликува од мајчинството во било кои години, па не постои реален проблем да му се дава негативна конотација. Секој одлучува за својот живот и сноси одговорност за сопствените одлуки. Мислењата на другите луѓе, посебно оние кои не ни се важни, не треба да биде важно, уште помалку одлучувачко“.

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.614 пати