Македонците воодушевени од Борис Березовски

10 ноември 2017

Ако вчера присуствувавте на концертот во Македонската филхармонија, тогаш веројатно сте доживеале нешто што долго ќе го паметите.

Маестралниот руски пијанист, Борис Березовски блесна во изведбата на Концертот за пијано и оркестар бр.3 од Рахмањинов, следен од оркестарот на Македонската филхармонија, а под водство на маестро Емил Табаков.

Изведбата кај публиката предизвика воодушевување и стоечки овации, што веруваме и големиот уметник ќе ги памети долго. Со силните аплаузи, присутните покажаа дека знаат да уживаат во префинета музика, а тоа воедно значеше и покана за повторно доаѓање на Русинот во Македонија.

Вториот дел пак, беше резервиран за изведбите на оркестарот на Македонската филхармонија на делата на Чајковски и Прокофјев, со што се заокружи неколкучасовното уживање.

Програмата продолжува со симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“, закажан за 18-ти месецов, каде солист е Билјана Јосифов, Мартин Јорданоски е аниматор, а под водство на диригент Дијана Имери Илкоска.

За оние што не можеа да присуствуваат, дел од атмосферата ви пренесуваме во продолжение:

Фото: Маја Аргакијева

Извор: facebook.com/MakedonskaFilharmonija

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
219 пати