Прекрасната актерка Марго Роби вчеравечер блесна во магичен бел фустан на премиерата на новиот хит филм „Once Upon A Time in Hollywood“ во друштво на нејзините колеги Леонардо ди Каприо и Бред Пит.

Соодветно со тематиката на филмот, актерката одбра бела креација која неодоливо потсетуваше на стариот холивудски гламур, надополнета со длабоко деколте, широки транспарентни ракави и панделка на половината.

Фустанот таа го комбинираше со високи потпетици, впечатливи обетки во сребрена нијанса, раскошна фризура со бранови и шминка со земјени тонови.

Подеднакво шармантни на црвениот килим беа и Бред Пит и Леонардо ди Каприо кои за премиерата одбраа елегантни костими во темни нијанси со соодветни чевли.

Во филмот, 44 годишниот Леонардо ја толкува улогата на Рик Далтон, познат телевизиски актер кој се бори за нови улоги во време кога Холивуд се менува.

Голем дел од филмот е насочен кон пријателството помеѓу Рик (Леондардо ди Каприо) и Далтон (Бред Пит) кој ја толкува улогата на негов дублер, но и голем пријател.

Голем дел од дејствието е поврзано со прекрасната бремена актерка Шерон Тејт (Марго Роби), инаку сопруга на познатиот режисер Роман Полански со кого живеат до Рик Далтон. Токму таа ќе биде убиена од познатата секта на Чарлс Менсон, по што ќе следи низа настани што дефинитивно ќе ви го задржат вниманието.

Деветтиот филм на Квентин Тарантино се очекува да биде вистински хит, а тоа се докажа и пред премиерата закажана за 26 – ти јули, со одличните коментари и високи оцени на сите популарни платформи.

Погледнете како помина премиерата во Лос Анџелес, а во прилог и трејлерот доколку сè уште не сте го погледнале.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.137 пати