„Медена земја“ е најдобар документарец според публиката на Сараевскиот филмски фестивал

23 август 2019

Нови и убави вести од „Медена земја“. 

По претставувањето на „Сараево филм фестивал“, екипата од документариот филм се враќа дома со награди.

Имено, „Медена земја“ е најдобар филм според публиката, а воедно и најдобро оценет филм на фестивалот годинава (4.85/5).

Токму овој документарец го отвори натпреварувачкиот дел на Документарни филмови, а по завршувањето на проекцијата, публиката со овации ја поздрави екипата и Атиџе.

Погледнете:

Им честитаме, а вас ве потсетуваме дека на 29-ти месецов е закажана премиерата на филмот во „Синеплекс“.

 

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
187 пати