Мери Попинс се враќа за Божиќ!

19 септември 2018

Деновиве Дизни го објави и официјалниот трејлер за еден од најочекуваните филмови годинава, Мери Попинс, а на големо воодушевување на сите обожаватели, истиот изгледа магично!

Улогата на единствената Мери Попинс ја толкува прекрасната и талентирана Емили Блант за која многумина ќе кажат дека е совршениот избор.

Истоимениот филм беше прв пат промовиран во 1964 – тата година кога главната улога ја толкуваше популарната Џули Ендрус.

Овојпат, Мери се враќа за да ѝ помогне на новата генерација на семејството Бенкс, а во моментот кога ќе се појави на вратата, таткото на малите дечиња ја прашува како е можно да не остарела ниту еден ден, на што таа одговара дека годините на жената не треба да бидат тема на разговор.

Во филмот се појавува и големата Мерил Стрип која го толкува ликот на братучетката на Мери, Топси, која не се појавува во првиот дел. Официјалната премиера на филмот ќе се случи на 19 декември годинава. 

Погледнете го трејлерот на еден од најочекуваните филмови за претстојната сезона кој ќе ве воодушеви.

 

Објавено:
19 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
210 пати