Мерил Стрип го сруши својот рекорд на „Оскар“ номинации

24 јануари 2018

Годинашните номинации за престижната награда „Оскар“ беа соопштени вчера. Иако претходно постоеше најава дека тоа ќе се случи на седми јануари, во ист ден кога се одржа и „Златен глобус“, со цел да се избегнат шпекулациите за „местенки“, сепак официјалната листа беше соопштена на 23-ти јануари.

Мерил Стрип е повторно номинирана во категоријата „Најдобра актерка во главна улога“ за улогата во остварувањето „The Post“. Тоа е нејзина 21-ва номинација за „Оскар“ со што го сруши рекордот кој претходно исто така таа го постави. Сега, таа има девет повеќе од Џек Николсон и Кетрин Хепберн, кои го делат второто место.

Инаку, Кетрин Хепберн е единствената жена што има освоено четири „Оскари“, додека Стрип и Николсон имаат по три, исто колку и Ингрид Бергман и Дениел Деј Луис, кој исто така е номиниран за престижната награда.

Номинациите за 90-тото издание на манифестацијата предизвикаа и разочарување кај дел од публиката. Многумина очекуваа дека филмот „Wonder woman“ ќе се најде меѓу номинираните, како и актерот Џејмс Франко за улогата во „The Disaster Artist“. Во медиумите се појавија информации дека причината што Франко е изоставен од номинациите треба да се бара во неодамнешните обвинувања од страна на пет жениза сексуално, несоодветно однесување, а во пресрет на „Златен глобус“ каде што и беше награден. 

Инаку, годинава со најмногу, дури 13 номинации е филмот „The Shape of Water“, меѓу кои и во категориите за Најдобра споредна машка улога, Монтажа на звук, Дизајн на костуми и Најдобра кинематографија.

Интересно ќе биде во категориите за Најдобра машка и Најдобра женска главна улога.

Кај мажите борбата за награда ќе биде помеѓу Даниел Деј-Луис, Гери Олдман, Дензел Вашингтон, Даниел Калуја и Тимоти Шаламе, додека кај жените, покрај Мерил Стрип номинирани се и Сели Хокинс, Франсес МекДорманд, Марго Роби и Серша Ронан.

За потсетување, 90. издание на „Оскар“ ќе се одржи на 4-ти март, а домаќин ќе биде Џими Кимел.

Најдобар филм: 

Call Me By Your Name

Darkest Hour

Dunkirk

Get Out

Lady Bird

Phantom Thread

The Post

The Shape of Water

Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобар режисер:

Dunkirk, Christopher Nolan

Get Out, Jordan Peele

Lady Bird, Greta Gerwig

Phantom Thread, Paul Thomas Anderson

The Shape of Water, Guillermo Del Toro

 

Најдобра споредна женска улога:

Mary J Blige, Mudbound

Allison Janney, I Tonya

Lesley Manville, Phantom Thread

Laurie Metcalf, Lady Bird

Octavia Spencer, The Shape of Water


Најдобра споредна машка улога:

Willem Dafoe, The Florida Project

Woody Harrelson, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Richard Jenkins, The Shape of Water

Christopher Plummer, All The Money In The World

Sam Rockwell, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri


Најдобра актерка во главна улога:

Sally Hawkins, The Shape of Water

Frances McDormand, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Margot Robbie, I Tonya

Saoirse Ronan, Lady Bird

Meryl Streep, The Post

Најдобар актер во главна улога:

Timothee Chalamet, Call Me By Your Name

Daniel Day-Lewis, Phantom Thread

Daniel Kaluuya, Get Out

Gary Oldman, Darkest Hour

Denzel Washington, Roman J Israel Esq

Компетната листа можете да ја погледнете ТУКА.

 

Објавено:
24 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.434 пати