Мини куперот слави 55 години

29 август 2014

Пред 55 години дизајнерот Сер Алек Исигонис го креираше единствениот концепт на автомобил кој се одликува со пространа кабина и четири седишта вградени во простор кој има значително мали димензии. Притоа овој модел на четири тркала има врвни перформанси во поглед на неговото управување, минимална потрошувачка и атрактивна цена.

Имено, само да ве потсетиме дека во 2001-та година Мини Куперот доживеа ренесанса и целосен редизајн и се стекна со епитетот на најпосакуван предмет од страна на голем жени но и мажи како идеален градски превоз. Слаткиот Мини Купер се карактеризира со мали димензии, кој не троши премногу и кој може да се паркира буквално каде ќе посакате. Во него се вградени сите својства на модерните автомобили, но она што ги освои сите на прв поглед е неверојатниот тренди и урбан изглед. Денес оваа линија на возила е развиена максимално, а најновата вест е дека оваа есен ќе биде претставен првиот модел со пет врати кој со сигурност ќе добие на голема популарност и нова армија на обожаватели.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Култура