Младата дизајнерка од Полска Ана Лишч на Скопје Креатива

4 јуни 2016

Под мотото „Поврзи ме со креативност- „Hub me with creativity“ во трите фестивалски денови на „Скопје Креатива 2016“, посетителите ќе можат да проследат повеќе изложби, презентации, работилници, предавања, додека  во вечерните часови ќе можат да уживаат во филмски проекции, видео и мултимедијални претставувања, концери и музички перформанс на познатите диџеи.

Дел од програмата на овогодинешниот Фестивал се веќе докажаните и реномирани уметници, креативци и професионалци во земјава и пошироко во регионот.  

Меѓу нив ќе се претстави и младата дизајнерка од Полска Ана Лишч која живее и работи  во Варшава. Во 2015 год. дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Варшава. Своето дизајнерско искуство го стекнала во Полска, Израел и Португалија. Во 2014 поминала еден семестар на Безалел академијата за уметности и дизајн во Ерусалим. Ана е инволвирана во развојот на стартап брендот М.А.М. Airbag/воздушни торби, фокусирани на производство на торби изработени од автомобилски воздушни перничиња. 

Ана ќе се претстави со презентација за општествените аспекти и одржливоста во проектите. 

“Во мојата презентација би сакала да зборувам за одржливоста која се рефлектира во мојата работа, со презентирање на два проекта: Тапио/ Tapio – сет на стаклени садови, во кои со користење на јаглен и глина се овозможува прочистување на водата, и „M.A.M Airbag”- торби направени од автомобилски спасоносни, воздушни перничиња.“ 

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, во организацијата на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје.

Објавено:
4 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
117 пати