„Младиот папа“ прошета во долна облека и го „запали“ Интернетот

5 септември 2019

Во рамки на филмскиот фестивал во Венеција, кој ќе трае уште два дена, се случи и долгоочекуваната премиера на продолжението на серијата „Младиот папа“ - „Новиот папа“. 

Јавноста веќе имаше можност да види провокативни фотографии од Џад Лоу кој ја толкува главната улога, но сега излегоа нови, како и официјалниот трејлер. 

Со новите кадри, успеаја да ја заинтригираат публиката, а се верува дека ќе бидеме во можност да ја гледаме следната година.

Новата сезона ќе има девет епизоди, а интересно е што во снимката каде Џад Лоу по долна облека се шета на плажа, прикажан е и Џон Малкович во наметка која инаку ја носи папата. Покрај нив двајца, во новите епизоди се појавува и Шерон Стоун.

Погледнете го трејлерот:

 

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
385 пати