Младите балкански дизајнери повторно во Скопје

10 ноември 2016

Една од најзначајните изложби „Young Balkan Designers“  која го обединува дизајн секторот од регионот, ќе биде повторно претставена во Скопје за време на  Skopje Design Week.  Оваа година, повторно под менторство на светски познатите членови на жири Константин Грчиќ и Никола Радељковиќ,  ќе допатуваат 15 иновативни решенија на младата дизајнерска сцена од Балканот.

Трикон - Ема Николова, Македонија

Темата на изложбата оваа година е со наслов „New Analogue“ и ќе донесе продукти кои го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.

Есенски лист - Вероника Олариу, Романија

“Young Balkan Designers” оваа година е составена од прототип решенија на дизајнери од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Изложбата е дел од активностите на Балканската дизајн мрежа, основана од Друштвото на хрватски дизајнери од Загреб, „Миксер“ од Белград и „Јавна соба“ од Скопје. Пред да биде изложена на Недела на дизајнот во Скопје, изложбата беше претставена на фестивалот „Индиго“ во Љублана, Словенија.

Часовник - Так Колектив, Словенија

Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.

Чивилук, Ведад Исламбеговиќ, Ибрица Јашаревиќ, Кенан Ватерњак

Construction Stacking Low Tables - Зоран Мојсиловиќ, Србија

Contain - Радостина Станкова, Бугарија

Creating me slowly - Маријана Ткалец, Хрватска

ilkas Favourite - Ана Барбиери, Кристијан Дашек, Луис Даниел Позо, Австрија Marginal Object - Дијана Војак Покиќ, Хрватска

Pebble Pot Family - Аристотелис Баракос, Грција

Project Muse Mobil Unit School Easygoing - Соња Родиќ, Петар Благојевиќ Rot - Сања Ротер, Хрватска

The Poetry Machine - MRKV, Србија

Tilsim - Берлису Таркан, Турција

 

Објавено:
10 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
172 пати