Модерниот балет „Ла, ла, ла“ утревечер во НОБ

5 јуни 2019

Утревечер со почеток во 21 часот на малата сцена на Националната опера и балет, ќе се одигра балетската претстава „Ла, ла, ла".

Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.


Кореограф: Саша Евтимова
Музика: Македонски евергрини

Настапуваат истакнати солисти и балетскиот ансамбл


Билетарница: 02 3118-451
онлајн: www.operabalet.mk

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
223 пати