Модните креативци се уште ги сакаат книгите

9 јуни 2014

giles-deacon-claire-de-rouen-book-store-by-Jane-Stockdale-for-Riposte-magazine-656x429

„Секогаш барам и сум отворен за интересна книга. Тоа е постојан лов - од гледање и барање, до купување. Ми се допаѓа идејата да имам колекција книги. Уште како студент трошев многу пари на книги“, вели дизајнерот Жил Декон.

Во неговата библиотека можат да се најдат најразлични дела од монографии, преку фотографски книги, до каталози.

-Кога ќе најдете некои особено мрачни, мистични книги, или интересни, можеби ќе ви изгледа како да не се релевантни во тоа време, но после некое време ќе ги сфатите и ќе се поврзете со она што го пишува - вели дизајнерот.

Инаку, тој купува во просек две книги неделно, некои онлајн, но повеќето од книжари, иако има само три цели дена за комплетно и чисто истражувачко време, помеѓу колекциите. За Декон книгите не претставуваат извор на директна инспирација или естетика, туку се алатки за стимулација. Причина за тоа може да се бара и во фактот дека книгите што ги купува се на разновидни теми, освен модата.

Сепак, Декон не е единствениот што ја негува страста за книгите.

„Марк Џејкобс, Роберт Дафи и сите во компанијата ја делат страста кон книгите. Со години правевме селекција на дела за во продавниците на брендот Marc by Marc Jacobs“, објаснува Џенифер Бејкер, директор на брендот Bookmarc stores.

Луси Мур, директор на  London’s Claire de Rouen книжарата, на книгите гледа како на свет, кој треба да се пропатува.

„Кога читам имам чувство дека можам да допрам до било кој дел од светот, до било која ера или емоција од овој мал простор и тоа е многу моќно чувство. Како и дизајнерите кои живеат во Лондон, меѓу кои и Декон и Ричард Никол, исто така добиваат порачки и посети од дизајнерските тимови од Малбери, Кристијан Диор, Александар Меквин и други...

„Една од работите кои многу ги сакам кај модата е постојаната љубопитност - дизајнерите и истражувачите ќе погледнат во се, тие не преферираат само еден тип или жанр на книги“, вели Клер де Руен од „Room&Book“.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Култура