Моќна, уникатна и енергична балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

7 октомври 2019

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен" и „Валпургиска ноќ". Премиерно се изведоа во саботата (5 октомври) во преполниот салон на Националната опера и балет.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет" и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен" на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ" на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Репризата е закажана за вторник, 8.10.2019, 20 часот!
Диригент: Иван Еминовиќ
Настапуваат балетски првенци, гости, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Не пропуштајте, 8.10.2019, 20 часот!

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
144 пати
Тагови: 
балет НОБ Кармен