Момо Капор писател и новинар (1937-2010)

Момо Капор - Како се губат пријателите

12 септември 2017

Колку само завидувам на оние пријателства кои се стари педесет години! Колку ли било потребно да имаш трпение ,љубов, помирување со направените грешки, согласност на сите слабости. Пријателите се губат така што ќе им ги украдат жените, последен пат ги видовме на момчешка вечер, ги краде работата, годините, времето, нивните деца, нивното име во весниците, нивниот лик на телевизија, ни ги крадат нашите зборови изговорени од трети пријатели. Одржуваме панично некои климави пријателства, криејќи ја својата слабост и стравот да останеме сами. Најголем број од нашите пријателства се еден вид беден договор со нашата совест, бегство од самотијата.


Колку завидувам на оние пријателства стари педесет години! Колку итрина е потребна да се искраднеш од дома, од работа, од амбицијата на патот, од семејството, од попладневната дремка. Сето тоа да се одржи таа слаба нишка помеѓу двајца старци кои и после половина век седат во „Мажестик“ после сите оние добри и лоши години.

Двајца старци седат во „Мажестик“ на пладне, двајца преку ноќ остарени момчиња што препознаваат работи кои само ним им се познати, проаѓање низ капии кои повеќе ги нема, дупки по оградите, таинствени тунели во исчезнати градини и се дружат секое попладне, еден плаќа еднаш едно кафе другиот пак следното.

Интересно е тоа што за крај на некое наше пријателство секогаш обвинуваме некој друг, никогаш себеси. Ретко кој од нас помислува на себеси кој можеби има незгоден карактер или пак склоност кон создавање нови пријателства. Што се однесува до мене, старите пријателства ми се навистина скапоценост во животот. Секако како и останатите и јас создавам нови пријателства, но најмногу од се ги чувам оние пријателства кои ме паметат од времето кога имав темна коса и бев многу по будалаштините.

 

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.308 пати
Извор: 
Momo Kapor