Монтесори потсетување да бидеме подобри родители

19 ноември 2016

Марија Монтесори (1870-1952) познат педагог од Италија, докторка и творец на педагошка метода, преку својот процес има многу помогнато во однос на тоа да се смени ставот на воспитување на децата. Позната е по тоа што ги има формулирано кратките и впечатливи заповеди за родителите. Кратки, но преполни со мудрости.

 

1.Децата учат од она што ги опкружува.
2.Ако детето често го осудуваме, тоа учи како да ги осудува другите.
3.Ако често го фалиме детето, тоа ќе научи како да ги почитува останатите.
4.Ако кон детето покажуваме непријателство, тоа дете ќе се тепа со другарчињата.
5.Ако сте искрени со своето дете тоа ќе научи што е праведност.


6.Ако го исмејувате вашето дете често, тоа ќе биде срамежливо.
7.Ако детето се чувствува сигурно, тоа ќе научи да им верува на луѓето.
8.Ако на детето му велиме многу често „срам да ти е“, тоа секогаш ќе се чувствува виновно.
9.Ако детето често се охрабрува, тоа ќе има голема самодоверба.
10.Ако на детето му пружите подршка ќе биде самоуверено.


11.Ако детето живее во пријателско опкружување и чувствува што им треба на другите луѓе, ќе научи како да пронајде љубов.
12.Никогаш немојте да кажувате лошо за детето, тоа предизвикува болка кај него и кога детето не е присутно.
13.Концентрирајте се да го развивате доброто кај детето. На тој начин нема да има место за лошо.
14.Секогаш сослушајте го вашето дете и одговорете му кога ќе ве замоли за прашање.
15.Почитувајте го вашето дете и кога ќе направи грешка, така ќе може многу бргу да ја исправи истата.


16.Секогаш бидете подготвени да помогнете на вашето дете и да се повлечете кога ќе видите дека може само да се снајде.
17.Помогнете му на своето дете од рана возраст да ги совладува работите, ќе му помогнете така што ќе се потрудите да го исполните животот со позитивност, мир и љубов.
18.Секогаш однесувајте се убаво кон детето. Покажете му како да израсне во најдобра личност која може да биде.
19.Почитувајте го вашето дете кога одмара, кога ги забележува активностите на другите деца или размислува за некоја друга активност. Не му се обраќајте, оставете го нека си плови во својот свет.

 

Објавено:
19 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
853 пати