На 16. јуни сите на „Школка“ - Македонски Алтернативни Награди по 4 ти пат!

7 јуни 2018

М.А.Н. - македонски алтернативни награди ќе се оддржат по 4-ти пат на 16 јуни, со почеток во 12:00 па се до 01:00 во Градскиот парк во Скопје, на добро познатата Школка во градскиот парк.

Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), ЛЕГЕНДИ ќе ја примат наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена: Лева Патика,Васко Атанасоски, Зијан, Канго(посхумно),Клан Исток, No Name Nation, Royal Albert Hall,Розе Кадилак, SUNS, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – ХИНКИ(посхумно), Диџеј Гоце Мастер Г .

На сцената на школка ќе настапат 27 бендови и артисти меѓу кои : Меморија, Горан Трајковски – Готра, Диџеј Гоце(С.А.Ф.),Васко Атанасоски (ХаХаХа/Бернајз пропаганда/Ф.П.О.), КЛАН ИСТОК, Д Далтонс, Autmind, No name nation, Последен Удар, Short Fuse Hero, Kepurdath, YOU, К.У.Р.- Културно Уметнички Работници, Мариналеда, САМ, My Tear, Full Stop, Man in a suit, Тотално Опуштање, Фуснота, RGB, Морфеј, AL ALION, КАИН, Voltaire Mani Al Hakin – МАРСО(ГРУПА ЗЕРО).

Оваа година специјална награда ќе добие и филмот Исцелител на Ѓорче Ставревски и тоа не за успехот на филмот, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која иако не поддржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура на која потоа по добиениот кредибилитет во светот и на балканот станува препознатлива и праведно вреднувана .

Оваа манифестација и покрај тоа што не е поддржана од институции или спонзори сепак наоѓа сили веќе 4 –та година по ред да ја слави македонската музика култура и уметност, кантарот за мерење и премерување не е валиден во ова општество каде шундот и квази елитата сакаат да го наметнат своето господарење.

„Ние од Бла Бла Телевизија заедно со македонската алтернативна сцена нема да застанеме и иако се наоѓаме во шок соба, на апарати за преживување со големата поддршка која ја даваме и добиваме на луѓето од сцената само може да ветиме дека ќе се бориме до последниот атом, до последната капка крв, затоа на 16-ти, сабота, во градскиот парк на Школка ве повикуваме на целодневно славење на македонската музика и култура“, велат од Бла Бла Тв.

Да ги поддржиме!

 

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
699 пати