Најдобрата дневна новогодишна забава ќе биде во Македонско село

11 декември 2017

Доколку сакате поразлична забава пред големата вечерна прославата за доаѓањето на 2018 година, ние имаме одличен предлог за вас!

Веќе неколку години наназад, посебен акцент се става на дневните новогодишни забави, а овој пат најдобрата ќе биде во комплексот Македонско село.

На 31-ви декември, забавата ќе биде организирана на чардакот на ресторанот „Македонски Ан“, со почеток од 12 часот.

За време на дневната забава, посетителите ќе имаат можност да наздрават со своето друштво во прекрасниот празничен амбиент на комплексот, надополнет со одлична музичка програма на Boris & The Band и DJ Darko и да уживаат во деликатесното мезе и традиционалните специјалитети, по кои е и познато Македонското село.

Вашето место резервирајте го на телефон 070 220 600 и поминете го овој ден во еден поинаков амбиент, на кој сигурни сме, ќе му се навратите повторно.       

Тимот на „Македонско село“ ве очекува!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
11 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
176 пати