Една од предностите на летото е тоа што можете да поминувате што е можно повеќе време надвор.

Без разлика дали живеете во куќа или стан, она што мора да го имате е тераса на која ќе уживате по долгиот напорен ден во друштво на вашите пријатели или семејството.

Претходно пишувавме за тоа како да ги уредите малите балкони, а денеска ви претставуваме едни од најубавите и најшик маси за на тераса што некогаш сте ги виделе.

Знаеме дека изборот на соодветната маса за на вашиот балкон е навистина тежок, бидејќи секогаш сте ограничени или со простор или со финансии за да ја набавите истата.

Доколку сте во можност, откако ќе се инспирирате од некоја од овие маси, обидете се да ја направите сами и запомнете дека пелетите се секогаш најмодерен и најдобар избор.

Направете си масичка и тренди клупи кои ќе ги украсите со различни материјали и додатоци за кои ќе се зборува следните неколку сезони.

На нашето мени денеска се најдоа прекрасни и малку поелегантни масички во комбинација со столици кои ќе го разубават секој балкон.

Овие масички се совршено место каде ќе можете да го испиете вашето кафе во друштво на пријателите, да вечерате или пак едноставно да уживате со чаша вино.

Речиси секој балкон може да собере масичка и барем две столчиња, само доколку ги најдете вистинските.

Ако просторот не ви е проблем, тогаш имате на располагање безброј опции со поголем број на столици.

Во галеријата погледнете го изборот и инспирирајте се доколку планирате да направите промена или пак од почеток да го украсите вашиот балкон со стил.

Објавено:
4 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.036 пати