Најубавите париски кафулиња со шармантни тераси

19 април 2017

Пролетта е вистинско време за одмор и посета на места на кои отсекогаш сакавте да отидете. Париз е дефинитивно градот кој никако не смеете да го изоставите од листата, а доколку еднаш сте го посетиле, задолжително морате пак.

Покрај фасцинантните места за прошетка, кога ќе посакате да земете здив имате можност да одберете од бројните кафулиња со магични тераси кои се вистинско доживување, особено ако времето е сончево.

Во продолжение погледнете кои се најдобрите десет кафулиња во Париз на чии тераси туристите и локалните жители сакаат да го испијат најубавото кафе во денот.

Café de Flore

Класично париско кафуле, особено фасцинантно во утринските часови. Токму тогаш и најмногу ќе уживате во мирната атмосфера, за разлика од метежот за време на ручек и вечера. Задолжително порачајте еспресо кое е и повеќе од магично...

Capucine

Ова е еден неодолив ресторан, кој функционира и како бистро. Во истиот ќе најдете совршени француски специјалитети меѓу кои и лазањи, равиоли, сендвичи, салати и што уште не. Одлично место за вкусен ручек!

Restaurant du Palais Royal

Со совршен ентериер и автентична француска кујна со Грк како главен готвач, терасата на овој ресторан може да собере околу 50 луѓе, а таму ќе пронајдете исклучително вкусни специјалитети и кафиња. Истиот важи за еден од најпопуларните и најпознати ресторани во Париз кои мора да се најдат на вашата листа.

Pavillon Puebla

Коктелите и рецептите од различни земји се она што го прават ова место навистина посебно. Уживајте во пријатната и кул атмосфера на ова кафуле окружено со зеленило од паркот Les Buttes Chaumont.

Brasserie Auteuil

Фантастично кафуле со винтиџ декорации, шармантно место кое се наоѓа на листата омилени на голем број туристи. Истото е сместено на просторот на некогашна железничка станица, а има и неверојатна тераса на која не можете да ѝ одолеете.

Du Pain et des Idées

Фантастична пекара со дрвени столчиња и клупи, која ги пречекува посетителите од осум часот наутро кога секој може да купи од нивниот свеж и неверојатно вкусен леб. Задолжително пробајте чоколаден леб и кроасани, како и бриош со џем од портокал.

Playtime

Ресторан, тераса и бар со отворен базен, ова место е дефинитивно едно од највпечатливите во Париз. Одличната услуга, погледот на Сена и забавната атмосфера се нешто што не смеете да го пропуштите.

Le Postiche

Интимна и неодолива тераса која ви нуди едно сосема поинакво искуство. Од едната страна ќе уживате во бистрото, додека од другата страна има вински бар што ќе ве придобие од прва. Декорациите се рустични и шик, а на менито ќе пронајдете фантастични оброци во кои може да уживате.

Restaurant

Ова е место каде деновите некогаш сакал да ги минува големиот Оскар Вајлд, благодарение на фантастичните тераси полни убавини. Совршено место за романтична вечера и специјални поводи, со оглед на тоа што има само две маси.

Chez Léna et Mimile

Магична тераса и мали столови со бели прекривки се само дел од атмосферата што ќе ја пронајдете на ова неодоливо место. Ова е автентично париско бистро каде можете да јадете вкусна храна, а задолжителни се десертите направени од познатиот слаткар Пјер Херме.

Објавено:
19 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.015 пати
Извор: 
Elle