Магични празнични излози во Њујорк

22 ноември 2016

Еден од најубавите периоди од годината е претпразничниот, кога веќе се најавува новогодишната магија.
Духот на празниците се чувствува во секој сегмент од секојдневието, а во најголемите светски метрополи таа магија е видлива на излозите на светски познатите брендови.

Во Њујорк, на Менхетн, луксузната куќа Lord&Taylor ја започна својата празнична приказна со „Волшебната шума" која е главна тема на сите нивни излози овој празничен период.

Петте главни излози ја прикажуваат волшебната атмосфера прикажана преку 34 рачно изработени скулптури во духот на празникот.

„Излозите на нашата стоковна куќа се уникатни и легендарни, поради тоа сме горди и тоа не поттикнува да ја продолжиме традицијата која им носи радост на нашите клиенти и на посетителите на Њујорк", вели Лиз Родбел, претставник на компанија.

 

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
731 пати