Најжестоката причина за смртта на Робин Вилијамс

22 март 2017

Смртта на Робин Вилиамс нè погоди сите кои ги сакавме неговите улоги и неговата личност. Со децении тој нè засмејуваше кога бевме најтажни, нè расплакуваше преку неговите емотивни моќни ролји и карактери кои само тој ги креираше. Најчесто најдобрите комичари имаат темна тајна, а тоа е депресијата. Робин тивко од сите ја криеше својата ментална состојба која на крај го доведе да си го одземе својот живот во 2014-та година. Неговата сопруга Сузан ќе излезе со официјално соопштение и ќе ја открие вистинската причина за неговата смрт која се случи одеднаш.


Две причини се најзначајни за неговото самоубиство:

„Не беше депресјата која го уби Робин, таа беше можеби најмалата причина“, ќе изјави таа.

Последните неколку Робин бил дијагностициран со Паркинсова болест, но и тоа не било единствена причина. Сè повеќе се влошувала неговата состојба неколку месеци пред смртта, сè повеќе го гибел здравиот разум и не можеле ништо да сторат. Покрај Паркинсовата болест, аутопсијата покажала дека страдал и од деменција за која пак и тој знаел. Попточно, се работи за дијагноза Луи, чии манифестации се како онаа играчка машина на која удирате метални топчиња. Имал често и параноични испади, анксиозност ,конфузии и сè пострашни депресивни испади. Докторскиот тим ѝ рекол на Сузан дека како би минувале годините, би било сè потешко за него, денови исполнети со болки и страдања.


Оваа приказна за Робин треба да се раскаже и да се помогне колку што е возможно повеќе, за да можат луѓето кои страдаат од овој вид на деменција да знаат кои состојби на умот може да ги очекуваат.

Робин толку смешен, а толку тажен лик!

Бејбимама

 

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.648 пати