Направете место за младите театарџии...!

15 мај 2019

Во Кино Култура, на 21. мај со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Енималс" која зборува за тоа како општеството, семејството и околината можат да уништат поединец преку наметнување на одредени норми, правила на однесување и очекувања. Притоа правејќи да се чувствува отфрлено, а никој да не превземе одговорност за тоа.

Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии" со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура на Р.Македонија.

Претставата е во режија на Драган Гунин, а драматург е Угљеша Шајтинац.

Во претставата играат:
Драган Довлев,
Кети Дончевска - Илиќ,
Емине Халил,
Христијан Поп-Симонов,
Ана Левајковиќ Бошков,
Никола Настоски
Костимограф: Ивана Цветковска
фотографија: Сашо Алушевски
Можете да резервирате билети на нашата меил адреса kinokultura2015@gmail.com или преку нивната ФБ страна во inbox.

Цена на билет е 200 денари.

 

Објавено:
15 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
224 пати