Насилникот Хичкок

3 ноември 2016

Типи Хедрен го достигна својот врв во кариерата со улогата во филмот „Птици“ во режија на Алфред Хичкок. Но, тоа што се случувало зад камерите е нешто што ќе остави трага во нејзиниот живот. Алфред Хичкок буквално бил опседнат со неа, таа опсесија се претворила во постојано следење, па дури и сексуален напад.

Типи која сега има 86 години ги пренесува сите детали во новата книга, нејзините мемоари „Типи“. Хичкок ја забележал гледајќи ја во телевизиска реклама, веднаш ја побарал и потпишал со неа петгодишен договор.

Пред да почне снимањето, уште за време на подготовките, таа ќе алармира за неговото чудно однесување. Секој пат кога ќе прозборела со некој маж зад камерите, за време на сетот, тој ја гледал долго и застрашувачки. Дури одел дотаму што ги предупредил сите соработници на снимањето да не зборуваат со „Девојката“, ниту пак да ја допираат.

Во нејзините мемоари таа вели дека кога се возеле во неговата лимузина, Хичкок скокнал врз неа со сета негова тежина и ја приморувал да се бакнат. Исто така, тој монтирал скриена врата која водела од нејзината гардероба до неговата канцеларија. Еден ден тој влегол во гардеробата на Типи и почнал да ја допира по телото и тоа го правел насилно, агресивно.Типи ќе каже дека тоа го доживела исклучително перверзно.

Колку повеќе се бранела, тој толку повеќе ја напаѓал. За време на снимањето на колосалната сцена, иако во договор ѝ било ветено дека нема да има вистински птици, Хичкок ѝ пуштил вистинско јато птици грабливки. После тој ден снимање, Типи како што таа самата вели „ќе откачи сосема“ и ќе земе одмор недела дена.

Колку повеќе го одбивала, толку повеќе тој напнувал и ја напаѓал. Типи сцената со птиците ќе ја дефинира како одмазда кон неа од страна на Хичкок. Истото ќе ѝ го прави и за време на снимањето на филмот „Марни“. После снимањето на овој филм, сè додека не ѝ заврши договорот нема да добие улога, а студиото нема ни да ја предложи за номинација за Оскар.

Типи Хедрен вели:„Можеби му дозволив да ми ја уништи кариерата, но не му дозволив да ми го уништи животот*

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
531 пати