Наскоро ќе гледаме филм и за „Кралот Лав“

3 декември 2016

На „Дизни“ му тргна од рака со филмуваните верзии на популарните цртани филмови.

Во исчекување на „Убавицата и ѕверот“, пристигнува уште една информација што веруваме ќе израдува многумина.

По бројните шпекулации, потврдата пристигна кон крајот на септември, но не беше прецизирано кога ќе се случи премиерата, особено бидејќи истовремено се работи и на филмската екранизација на вториот дел на „Книга со Џунглата“. Првиот дел беше прикажан во април годинава, а вториот беше најавен за следната, но според најновите податоци, Симба и неговите доживувања најверојатно ќе добијат предност, па во 2017 ќе гледаме уште едно ново остварување.

-Во моментов работам токму на „Кралот лав“. Тоа ќе биде следниот проект на кој посветено ќе работиме сите. Плановите се веќе направени, а дел од начините на кои го снимавме „Книгата за џунглата“, ќе бидат искористени и наградени на уметнички начин за „Кралот Лав“. Мислам дека единствениот начин да го направиме овој филм, беше претходно да се направи „Книгата за џунглата“, што и се случи. Токму затоа сум сигурен дека сцените се одлични и верувам дека можеме да го направиме новиот филм токму во тој стил – изјави Роберт Легато, супервизор за визуелни ефекти.

Инаку, за потсетување, режисер на новото остварување на познатиот цртан ќе биде Џон Фавреу. Познато е и дека ќе се задржи музиката од оригиналниот цртан.

Цртанот „Кралот Лав“ се појави во 1994 година, а успеа да заработи 968.8 милиони долари, и да освои два оскари. Неодамна беше презентиран и мјузикл инспириран од цртанот, а верните обожаватели на Симба, Муфаса, Скар и останатата дружина, со нетрпение очекуваат официјален датум за остварувањето.

Објавено:
3 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
383 пати