НАСКОРО: Монолозите на Тошо Малерот во издание на „Арс Ламина“

17 март 2020

Од издавачката куќа „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина - публикации“, најавуваат ново дело кое сигурни сме ќе го привлече вниманието на публиката.

„Еден од најпрепознатливите хумуристични ТВ-ликови, Васко Тодоров, попознат како Тошо Малерот од популарната серија „К-15", наскоро ќе ја објави својата прва книга „Монологија“. Книгата ги содржи најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени во рамки на „К-15", но и скечеви, кои досега не се нашле на малите екрани.

„Види, батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување", вели Тошо Малерот, кој сега е актуелен со сатиричната емисија „Фчерашни новости““, се вели во соопштението.

извор: blog.literaturamk

 

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
427 пати