Не ја пропуштајте „Травијата“ на 23 ноември во МОБ

19 ноември 2018

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата" чија изведба ќе биде на 23 ноември со почеток во 20 часот.

Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата" ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Режијата е на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија).
Во главните улоги настапуваат Сања Керкез (Србија), Иван Mомиров (Бугарија) и Горан Начевски.
Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451
како и онлајн: www.mob.mk

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
379 пати