Некажаната вистина за Led Zeppelin

10 мај 2018

Тие се рокенрол богови. Годинава обележуваат 50 импозантни години јубилеј. И со овој нивен престижен статус, Led Zeppelin имаат навистина детално документирана историја. Но, во сенка на нивната слава, постојат неколку интересни сегменти кои можеби се непознати за пошироката јавност, па дури и за најголемите фанови.

Фото: the_inquisitr

# Роберт Плант не е фан на „Stairway to Heaven"

Ако го прашате фронтеменот Роберт Плант која песна не сака да ја изведува, ќе ви одговори „Stairway to Heaven". Да, се работи за рок химна и песна која ги одбележа и Led Zeppelin како состав, но и една цела музичка генерација, ама човекот кој ја оживеа, едноставно не ја вбројува меѓу своите фаворити.

Фото: ghosts_of_dc

# Во почетоците, критиката не им била наклонета

Уште во стартот на нивната кариера, Led Zeppelin имале армија фанови. Но, им било потешко да ја убедат стручната критика, во нивната фамозност и големина. Добар дел од највлијателните музички медиуми, меѓу кои и магазинот Rolling Stone, на почетокот не им биле наклонети. Нивното првично доживување на идните рокенрол икони, било дека се работи за гласен, неиновативен бенд со премногу нагласена сексуалност.

Фото: glide_magazine

# Џими Пејџ во детството сонувал за поинаква кариера

Виртуозот на 6 жици, Џими Пејџ, во детството фантазирал за поинаква кариера. Тој во 1958 година, кога имал 14 години, се појавува во една емисија на BBC каде меѓу другото кажува дека негова идеална професија во иднина, би била во научната сфера, како биолог кој ќе истражува лек против рак. Дали на сметка на кариерата на еден од најгенијалните гитаристи на сите времиња, светот остана покус за еден исто толку генијален научник?

Фото: morrison_hotel_gallery

# Роберт Плант не бил првиот избор за фронтмен

Иако денес Led Zeppelin, меѓу другото е препознатлив и по својот фронтмен Роберт Плант, сепак тој не бил првиот избор за пејач во бендот. Сега е тешко замисливо било кој друг да биде на негово место, но пред 50 години Џими Пејџ улогата му ја понудил на познатиот вокалист и гитарист Тери Рид, кој поради други ангажмани го одбил, што веројатно е една од најлошите одлуки во неговата кариера.

Фото: Rolling Stone

 

Објавено:
10 мај 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
202 пати