#НемаОправдување: Насилство врз жени не е приватна работа

25 ноември 2019

Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените се одбележува денеска, а по тој повод Хелсиншкиот комитет објави соопштение со поразителни резултати:


Секоја трета жена искусила некој вид насилство

„Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените, треба да се потсетиме дека секоја трета жена во светот искусила некаква форма на насилство, а според податоците на Обединетите нации, семејното насилство е убиец број еден на жените. Наместо жената да биде и да се чувствува безбедна во домот, понекогаш најголемата опасност за неа доаѓа токму оттаму.

Во нашата земја, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои, 610 биле жени жртви. Може да заклучиме дека семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените, токму поради тоа што се жени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by - (@miss_or_madam) onNov 25, 2019 at 12:56am PST

Земајќи предвид дека истражувањето на ОБСЕ покажува дека „само 2% од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција " зборува дека бројката на жени кои трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики. Исто така, загрижувачки е трендот на прифаќање на насилството во земјата. Истражувањето на ОБСЕ открива дека "три од пет (60%) жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава." За да се победат овие поразителни бројки, мора да работат заеднички сите актери во општеството: институциите, граѓанските организации, медиумите како и секој граѓанин. Насилството врз жени не е приватна работа, тоа е општествена појава која треба да се искорени.

За поздрав е иницијативата за подготовка на нов Закон против насилство врз жени и семејно насилство кој ги следи одредбите на Истанбулската конвенција, а кој беше изготвен во процес на консултација со граѓанскиот сектор. Новиот нацрт – Закон препознава и санкционира и нови форми на насилство врз жени, дефинирани во Истанбулската конвенција. Но, потребно е негово побрзо усвојување, за да се започне со обезбедување сеопфатни сервиси до жртвите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Your is Not a Doormat (@not.a.doormat) onNov 24, 2019 at 8:27pm PST

Насилството врз жените и семејното насилство ја ограничува жената да учествува во економскиот и општествениот живот, предизвикува депресија, чувство на немоќ и безизлезност, а претставува и грубо кршење на нејзините основни човекови права. Оттаму, сите треба да дејствуваме заедно за да се искорени оваа деструктивна појава во нашето општество“, се вели во соопштението“.


#НемаОправдување во Паркот на жената борец

Одбележувањто на овој ден всушност трае со 16-те дена активизам кои траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права

Во ,,Паркот на жената борец" денеска со почеток од 19 часот, ќе се означи почетокот на кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mirable Marketing (@mirablemarketing) onNov 24, 2019 at 4:09pm PST

Настанот вклучува осветлување во портокалова боја, со цел приклучување кон глобалната кампања под темата „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето".

Портокаловата боја е симбол за посветла иднина без насилство врз жените. Приклучете се во борбата против насилство врз жени и девојчиња! 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ContentHub (@contenthub.it) onNov 25, 2019 at 1:55am PST


Не постои изговор: Мене нема да ми се случи

Мислењето „Мене нема да ми се случи“, многупати за жал се покажало како неотчно. Воедно, жените многу тешко или многуподоцна се одлучуваат да прозборат на темата. 

„Бев тинејџерка кога се случи. Ме силуваа, а јас верував дека тоа е моја вина. Поради тоа, не сакав да кажам никому ништо. Мора да создадеме средина во која мажот или жената нема да се чувствуваат виновни дека се виновни кога тоа ќе им се случи. Години психотерапија и работа на себе ми беа потребни за да се излечам од трауматичното искуство“, сподели пред неколку години хрватската пејачка Тајчи.

„Многу жени, а уште повеќе млади жени се жртви на насилство. Исто така и многу млади момчиња. Тоа не е нешто што можете да го сокриете, не можам да се однесувам како да не е ништо и да не го сфаќам сериозно. Но, јас како и за било кој кој бил жртва на насилство, не сака ни да се сеќава на тоа. Не сака да го признае. Да го кажеш еднаш е тешко, а замислете пак постојано да ве тераат да зборувате за тоа. Се прашував зошто мора да сум казнета за тоа што ми се случи. Не се чувствував добро тогаш. Но, дефинитивно не е нешто што треба да се држи во себе. Мора да се соочиме“, изјави своевремено Ријана.

Рис Витерспун во интервју кај Опра откри дека во младите години била во нездрава врска, каде била малтретирана.

„Едноставно мојот мозок се „префли“ на друго канал. Знаев дека ќе биде многу тешко, но не можев веќе да трпам, да поднесам. Бев сосема друга личност. Се сменив, ја немаше онаа која бев, а тоа што се заложив за себе и не сакав да трпам малтретирања повеќе, уште повеќе ја моделираше таа промена“, изјави актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by UN Women (@unwomen) onNov 24, 2019 at 9:23am PST

Кристина Агилера пак, растела во дом каде насилството било секојдневие.

„Во младите години постојано бев сведок на домашно насилство и во мојот дом, но и во домот на соседите, насекаде околу мене тоа беше пракса, констатно бев опкружена со тоа. Но, никој не сака да зборува за тоа. На луѓето им е непријатно и се срамат од тоа. Но, токму затоа за мене е важно да ја кажам мојата вистина и да им помогнам на другите да ја најдат својата, да ја најдат својата надеж во ситуација која им изгледа безнадежна“, откри пејачката.

 

Објавено:
25 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
289 пати