Кога сопствениците на овие два прекрасни апартмани на островот Паг побарале реновирање на истите, единственото нешто на што сакале да се посвети внимание бил едноставниот и модерен минималистички ентериер.

Сопствениците кои имаат мали дечиња, сакале да ги задржат апартманите за себе, но понекогаш и да ги издаваат на туристи.

Групата дизајнери кои биле задолжени за средување на просторот за истиот одбрале атрактивни парчиња мебел, наместо скап дизајнерски со оглед на тоа што станува збор за куќа за одмор.

Во просторот тие поставиле бројни детали за истиот да изгледа неодоливо голем и чист, а сепак да има доволно простор за уживање додека сте на одмор.

Во двата апартмани преовладуваат сивите тонови во корелација со топлите нијанси на песок, како и златно – кафената и темно кафената боја.

Иако се одвоени, и двата апартмани изгледаат како компактна и складна целина. Дискретен акцент е даден на сите ткаенини во апартманите како на завесите, постелнините, килимите, перниците и сите останати кои иако во неутрални бои, изгледаат прекрасно.

Со погледот на море и прекрасниот амбиент, овие апартмани се дефинитивно минималистички рај за уживање во летните месеци.

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
934 пати