Нова книжарница на ТРИ во нашиот град

8 октомври 2019

Издавачки центар ТРИ најавува отворање на уште една книжарница во центарот на градот, овој пат во Трговскиот центар Зебра во Капиштец. Познати по одличниот избор на книги и големиот број акции, промоции, средби со љубителите на добрата книжевности и бенефиции за своите читатели, успешната приказна на ТРИ продолжува да освојува нови простори, а со тоа и да ја шири љубовта кон книгите и читањето.

Книжарницата ТРИ ќе се отвори во среда, на 9 октомври, со присуство на многу автори и членови на Клубот на читатели, a отворањето ќе биде одбележано и со попуст за првите купувачи.

И новата книжарница на ТРИ во ТЦ Зебра ќе биде место каде што ќе може да се најде најдоброто од домашната и странската литература. Ќе биде отворена преку целата недела, а во неа ќе ве пречекаат секогаш расположените книжари кои ќе ви помогнат да ја изберете вистинската книга за секој повод.

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
182 пати