Новиот документарец за Џорџ Мајкл е ремек дело!

18 октомври 2017

Кејт Мос е седната во темна соба, во фотелја од спотот на Fast Love, со слушалки .

„Кога на Божиќ  2016-та слушнав дека починал, не можев да поверувам дека мојот драг пријател повеќе го нема. Само неколку дена претходно работеше на својот документарец кој сега вие го реализирате. Ова е слободата на Џорџ и неговата последна работа“, вели моделот.

Од овој одлично продуциран документарец кој кога го гледате, ви се крева адреналинот, чувствувате огромна тага, но секој од учесниците пред себе има винил од албумите на Џорџ Мајкл, прикажани како ја слушаат неговата музика.

Наоми Кембел, Линда Еванџелиста,Синди Крафорд, Елтон Џон, Кристи Тарлингтон, Лиам Галагер, Стиви Вондер, се дел од нив. Приказната за генијалниот видео запис со супер моделите е вели дека тој воопшто не сакал да се појавува во истиот и го опфаќа и процесот на работа кога го режирал спотот. Она што е значајно е како самиот Џорџ Мајкл раскажува, кога ги собира сите награди на музичката манифестација каде претходно лауреати биле строго Афроамериканци и неговата борба да се докаже дека единствената цел му била да создава музика.

Фактот дека за време на трибјутот на неговиот херој Фреди Меркјури, неговиот љубовник  Анселмо бил болен од сида, ќе ве вознемири.

 


„Јас морав да пеам знаејќи дека мојата љубов има болест која точно одредува кога тој ќе умре. Тој беше во публика и тоа ми е можеби најтешкиот настап. Пеев за љубов“, вели Џорџ Мајкл во документарецот.


Стиви Вондер вели дека кога прв пат го слушнал не верувал дека е белец .Подоцна, кога настапувале заедно, вели дека ретко кога имал такво професионално задоволство на сцена. Вели „сè што говори во своите песни е борба за човекови права, права во љубовта, права за себеси“.


Мери Џеј Блајџ за обработката на Мајкл за песната на Вондер „They won't go when I go“ вели дека подобар кавер на таква моќна песна не постои. Подобра е од онаа на Вондер.

„Ја слушам секој ден и не престанувам да се воодушевувам на неговата моќност во изразот“, посочува Блајџ.

Џорџ Мајкл освен што се појавува во некои необјавени интервјуа, цело време е наратор во филмот и само слушате како му се менува гласот особено во последните денови кога се снимал.

Тој се појавува и свртен со грб седнат на својата маса во кујната, во онаа преубава куќа на стара машина за пишување. Исто така е и корежисер на овој документарец.

Се појавува и Најл Роџерс покрај другите, Џејмс Корден, Марк Ронсон, Рики Џервеис, адвокати, менаџери. Зборува за неговата битка против „Сони“ во исто време кога умира Анселмо, велејќи дека за да ги победи ја насочил целата енергија кон процесот. Сакал да докаже дека музичарите не се робови на издавачките куќи и дека токму куќите тие да го земаат поголемиот профит.

Џорџ е исклучително емотивен кога зборува за Анселмо, за цената која ја платил кога отворено ќе изјави дека е хомосексуалец.

„Својата болка ја лекував со музиката и со моите текстови. Дали тоа можеби беше мојата судбина, судбина на некои други луѓе кои се справуваат со истата болка, не знам, знам само дека платив преголема цена“, ќе каже.


Документарецот е неверојатно жесток, искрен, брилијантен во наративот. Мајкл ќе каже дека не сака да биде запомнет само како музичар, пејач, текстописец, туку и како лик со интегритет. Кога го гледате филмот, во грлото ви застанува грутка колку бил храбар, доследен, талентиран, природен, вреден и свесен за секоја своја постапка.

Channel 4 ја заврши работата од почеток докрај, онака како што се прави документарец за еден ваков музички гениј.

Да се гледа обврзно!


Бејбимама

 

Објавено:
18 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
426 пати