Ново модно четиво за дизајнерските чевли

17 мај 2014

Низ содржините на книгата „The Shoe Book“ од авторката Ненси Мекдонел може да се најдат информации од потребата за создавање на чевлите, до статусниот симбол кој го уживаат во современото општество.

Ненси секојдневно објавува текстови во The New York Times, The Financial Times и Vogue UK, а во однос на ова модно четиво не навраќа во историјата за создавање на чевлите од пред  5. 000 години. Патувањето завршува во модерна конотација, со вклучување на современите најпознати чевлари, како што се Кристијан Лубутан, Џими Чу и Шарлот Олимпија.

Покрај ремек делата на најпознатите дизајнери, во книгата се вклучени илустрации и цитати од незаменливиот Маноло Бланик. Книгата ќе се продава по цена од 38 евра.

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Култура