Од обични хартиени чаши создава уметност патувајќи низ светот

25 јули 2017

Берк Армаган е 22-годишен самоук уметник од Турција, кој има интересно хоби: од обични хартиени чашки за кафе создава уметност.

На белата површина на чашите тој ги црта знаменитостите што ги посетува за време на своите патувања, а исто така честопати е инспириран и уличната графити уметност.

Уште еден интересен момент е што тој своите патувања ги финансира со парите од продажбата на чашките, како мали уметнички дела. Неговиот профил на Инстаграм навистна е импресивен и полн со фотографии од неговите патувања и неговата уметност.

Понекогаш за патување до омилените дестинации доволни се уметничка дарба и минимални менаџерски способности.

Извор: Bored Panda, Instagram

 

Објавено:
25 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
149 пати