Одбројување до четвртиот „Скопје Стрит Фестивал“

8 јуни 2016

Од 10 јуни со почеток во 17 часот, па се до 12-ти на полноќ, Градскиот парк ќе биде главната точка на среќавање за сите оние кои посакуваат поинакво Скопје.  На вкупно 5 креативни сцени за урбана култура: графити, стрит бол, работилници, денс и музички стејџ, се очекуваат да присуствуваат над 5.000 прогресивни Скопјани, а и гости од регионот од сите возрасти кои ќе дадат свој белег на фестивалот.  

Како новитети за оваа година се најавуваат неколку интерактивни работилници „Custom патика”,  работилница за продукција на музика “Beats & Breaks” со диџеј Propo 88 од Холандија и Red Bull Curates проект за креативно исцртување на нови површини.

Нов стејџ за оваа година, поддржан од Win Music Freedom е и Dj’s Clash натпреварот кој ги повикува сите млади вљубеници во електронската музика да се пресметаат со свои 30 минутен сет. Победникот ќе биде оценуван од наши познати диџеи, и истиот ќе има можност да пушта свој двочасовен сет во некој од скопските клубови.

На музичкиот стејџ ќе гостуваат: Чваре, Страјк, Илич, Гоце Саф, Prti Bee Gee feat. Bvana, Оки Доки, Дражи Драгс, Славе, Natty Fiyah SS, Новиот почеток, The John, Irie FM, Лука, Гето Руди, Propo 88 и Delinquent Habits директно од Лос Анџелес.

 -ССФ продолжува и оваа година со уште поголема динамика и поширок концепт за градење на улична култура и урбано будење. Скопје претставува симбол на солидарноста и подадена рака, па оттаму и идејата  за споделување на нови искуства од еден поинаков вид.  Фестивалот е од отворен тип и навистина претставува отворена и слободоумна платформа за споделување на забава, креативност и едукација. Идејата ни е да ги разбудиме младите, да излезат и да покажат на кој начин креативно ќе можат меѓусебно да се „пресметаат  – велат организаторите.

Фестивалот не наплаќа карти и влезот е слободен за сите сцени, сите три дена.

Нашиот поддржувач за услуги од дигиталниот свет Different, покрај водењето на кампањите на социјалните медиуми и графичкиот идентитет на настанот, оваа година изработи и мобилна апликација за андроид и иос платформите. Апликацијата покрај информативниот карактер за настанот и нашата програма, ќе се користи за гласање на Red Bull Curates натпреварот, ќе се користи за пријавување на идеи, волонтери, предлог артисти и слични барања на нашата публика

Во текот на наредната година сите идеи за понатамошната иднина и развивање на апликацијата се добредојдени од самата публика на овој настан. Сите  интересни и добри идеи, тимот на „Скопје Стрит Фестивал“ и дигиталната агенција „Different“ ќе се погрижат да ги реализираат.

Линковите за downloаd  ќе бидат официјално објавени на фан страната на фестивалот.

Повеќе информации за заинтересираните има тука.

„Скопје Стрит Фестивал“ се одржува од 2013-та година. Секоја година, над 100 урбани артисти имаат можност да ја изразат својата креативна мисла во неколку простори. Оваа година фестивалот беше добитник и на две престижни меѓународни награди на Eventex-Global Event Awards во Софија, Бугарија, две втори места за најдобар културен настан и најдобар фестивал.

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати