Од денес па сѐ до 13 јуни во организација на Скопје Сити Мол и Здружението на издавачите и книжарите на Македонија се одржува “Летен саем на книгата“, на кој може да најдете илјадници наслови од различни жанрови и автори.

Традиционално, секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги.

Овогодинешни учесници на саемот се: Просветно Дело, Икона, Детска Радост, Матица, Магор, Нампрес, Логос А, Бата Прес и издавачката куќа Венеција, кои гарантираат извонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.

Покрај продажниот дел, на Саемот можевме да видиме и детско катче, потоа игри на социјалните медиуми и други изненадувања.

Сите љубители на книгата, одличните наслови по супер цени ќе ги најдат во приземјето на Скопје Сити Мол во периодот од 10.00 до 22 часот.

Ако денеска не успеавте да го посетите Саемот, за тоа имате време до 13 – ти јуни. Погледнете каква беше атмосферата на првиот ден од отворањето.

Објавено:
9 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
287 пати