Опра знае како да ве мотивира

27 октомври 2016

Познатата тв водителка и бизнис жена, Опра Винфри, благодарение на своето долгогодишно професионално искуство во шоу бизнисот, научила суштински животни лекции. Ги споделува со вас:

Престани да сонуваш

Во своите триесетти години, Опра ќе престане да сонува. Ќе рече дека тое е лудо.
„Не може да биде, не смеам да престанам да сонувам. Но, ете така престанав. Престанав да ги сонувам моите соништа и сфатив дека Бог или како и да го нарекувате за себе, тоа е таа енергија која ве полни со живот, тој кој е поголем од животот, тој е најмоќната алатка. Со негова помош кога сонувам, моите соништа стануваат моќни, остварливи. Престанав да сонувам и си дозволив да бидам во Божјите раце, во неговите соништа. Мојот живот ми се отвори и се смени".

Велите дека ова е главната лекција. Целиот ваш живот е лекција

„Луѓе слушајте. Животот нема секогаш да ве шета низ парк. Некогаш е тешко, некогаш мислите дека ќе ве скрши, но нема. Може да преживеете. Сите оние лоши работи кои ви се појавуваат гледајте ги како ваша шанса, можност за нешто добро. Се што ви се случува, ви се случува само на вас. Мислите дека ова е вашата главна лекција? Целиот ваш живот е лекција и секој избор што го правите не е само лекција која ја учите, туку е час на кој мора да присуствувате за време на вашиот престој тука на Земјата".


Никој не може да се закани на вашата моќ (освен ако сте его манијак)

„Одлична вест! Вашата моќ е апсолутна. Без разлика кој сте, со што се занимавате, вие ја имате моќта да успеете: не постои губитник, не постои можност да губите ако вистински не ја употребите вашата моќ. Ако чувствувате дека вашата моќ е загрозена тогаш се работи за вашето его. Кога вистински ги чувствувате работите и сте свои, моќта е во вас, никогаш не ја губите. Таа е тука".

Вие сте сопствен авторитет

„Не треба никој да слушате, ниту што да облечете, ниту што да прочитате, ниту што да правите со својата кариера. Вие сте сопствен авторитет кој одлучува за себе. Побарајте го одговорот самите, тој е тука до вас. Вашата внатрешна сила е нешто најдобро што поседувате внатре во себе".

Мора да работите на себе

„Вие не можете да го слушнете внатрешниот глас, вашата интуиција, ако дозволите да ве надвладее сета онаа бучава околу вас, оти ако дозволите тоа да ве надвладее ќе потонете. Затоа запрете ги сите оние кои викаат околу вас, сите оние кои ја имаат способноста да мразат како навика. Вие одлучувате"!

Имате само една цел тука

„Се е возможно. Се што посакувате може да се оствари, пред вас да имате чиста мисла и јасна визија за тоа што сакате да го направите. Исполнете го вашето тело, вашите мисли со јасна експресија, желба, мисла, јасна слика. Интервјуирав илјадници луѓе и сосоема сум сигурна во едно, а тоа дека никој докарај не го живее својот живот исполнето. Доаѓа крајот на денот и сфаќаш дека не си ги направил сите работи докрај. Дали силината на вашиот внатрешен глас го имате ставено на најјако? Дали живеете со полна пареа? Сигурно не сакате да го потрошите вашиот ден туку така. Секој ден треба да си го поставувате истотот прашање, зошто сте тука, за што постоите. Не се грижете премногу за се. Јас не се грижам повеќе. Живеам и знам зошто".

Говорот е важен

"Кога бев во најголемата моја тешкотија поставувајќи го каналот OWN, ги имав и најголемите проблеми. Бев тажна, несигурна. Одлучив дека е многу важно како си говорам сама на себе, како и на кој начин. Јас тоа го нарекувам борба и само борба. Почнав да си зборувам самата на себеси поинаку. Јас се уште сум таа, истата. Престанав да си зборувам во себе дека е тоа борба, се сетив дека сум се уште она мало девојче од Мисисипи. Го преодев целиот оној пат за да имам своја мрежа. Каде е тука борбата и преживувањето. Тоа е само предизвик и голема шанса. Се соочив со тоа и само ја пуштив мојата енергија. Проблемите не може да траат вечно, тука е мојата духовност, таа е мојата водилка. Знаев дека моите проблеми нема да се вечни".

Најдете си другарка како Гејл

Опра сака да зборува за Гејл. Можеби ја споменува 25 пати во 45 минути за време на интервју. Но, вели дека да имаш другарка како Гејл е вистинска реткост. Таа е вистинско богатство.
„Без разлика колку сте богати, познати, вам ви треба некој кој ќе биде постојано со вас, како Гејл која е секогаш искрена, која не ви завидува, која ќе ве сака безрезервно. Ви треба другарка која е стопроцентно секогаш тука за вас без ралика на се, без никакви извинувања".

 

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.051 пати