Оскар и бургери – фотографијата од Хоакин Феникс и Руни Мара што го обиколи светот

11 февруари 2020

Симболизирајќи ја едноставноста дури и на еден оскаровец, фотографијата што беше направена непосредно по Оскарите, на која Хоакин Феникс и неговата свршеница, актерката Руни Мара јадат сендвичи, а тука некаде е присутна и златната статуетка за Најдобар актер, инстантно го обиколи светот и ги собра симпатиите на публиката.

Фото: Грег Вилијамс

Фотографијата во црно-бела техника ја направи фотографот Грег Вилијамс, портретирајќи момент кој ги буди човечките емоции.

На фотографијата, Руни Мара која носи креација на Александар Меквин, потпетиците ги замени со култните „старки" патики, алудирајќи на тоа дека после целиот гламур на црвениот килим, на крајот од денот и тие се обични луѓе кои обожуваат да јадат бургери.

Инаку, на 92-то издание на Оскарите, Хоакин Феникс ја освои неговата прва златна статуетка, за улогата на Џокер во истоименото дело на режисерот Тод Филипс.

 

Објавено:
11 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
8.769 пати