Откријте која е најголемата тајна што сте ја сокриле од партнерот и освојте награда!

29 септември 2014

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД на 02 Октомври во киното Синеплекс го носи новиот филмски есенски хит – „Gone Girl“, за кој критичарите ќе кажат дека е неверојатно возбудлив трилер со блескава иднина.

Филмот е режиран од беспрекорниот Дејвид Финчер, а во главните улоги се појавуваат Бен Афлек и Розамунд Пајк.

Овој возбудлив психолошки трилер ни носи приказна за млада, на прв поглед идеална брачна двојка и мистеријата околу исчезнувањетоа на убавата жена на Афлек на нивната годишнина од бракот. Филмот е направен по истоимениот бестселер на писателката Џулиен Флин, која воедно се јавува како сценарист на филмот.

Во пресрет на скопската премиера, дистрибутерската куќа МЦФ МКД ги повикува сите љубители на психолошките трилери да учествуваат во наградната игра „Gone Girl“ (Исчезната) и да освојат супер подароци.

Она што треба да го направите е да ја откриете вашата најголема тајна која сте ја сокриле од партнерот. Вашите тајни ќе може да ги испраќате на Фејсбук страната на дистрибутерската куќа најдоцна до 02 Октомври во 23.00 часот.

Името на наградениот ќе биде објавено на 03. Октомври на Фејсбук страната на МЦФ МКД и на нашиот сајт fashionel.mk.

Најдобрата тајна избрана од тимот на дистрибутерската куќа МЦФ МКД ќе освои специјална награда „Исчезната“, составена од две влезници за филмот во термин по избор и оригинални подароци од самиот филм.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Култура