Отворен повик за дизајнери за новото издание на Skopje Design Week

20 септември 2017

Во тек е отворениот повик за дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија и регионот кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката јавност на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) кое ќе се одржи оваа година 22. до 26. ноември.

Седмото издание на Skopje Design Week на јавноста ќе и понуди изложби од цела Европа, презентации, работилници со врвни дизајн практичари, забава, вмрежување и секако награди во три различни категории за дизајнери и компании.

Заинтересирани поединци и компании може да дознаат повеќе информации за учество на фестивалот на веб страната:
www.ministryofpleasure.net/open_call_for_participants.html

Новитетите кои скромно ги најавија од организацијата се просторното проширување, земјата во фокус и дизајнот на храна.

За прв пат оваа година на Skopje Design Week изложбите ќе бидат поставени на две локации – Центарот за дизајн и иновации Public Room и продавницата за мебел и осветлување Lux Lightning and Living. На двете локации ќе можат да се видат дизајните на младите дизајнери од Балканот.

Унгарија преставувана од 20тина врвни продукт дизајнери и иноватори е земја во фокус на овогодинешното издание на Неделата на дизајн во Скопје.

Дизајн на храна е новата дисциплина која е е отворена за пошироката јавност и ќе отвори врата за "не" дизајнери да се приклучат активно во програмските активности.

Музичката програма, предавањата, детските работилници и саемскиот дел се интергелена целина на секое издание на Skopje Design Week.

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
600 пати