Отворен повик за учество на „Trash Fashion 2019“ во јуни

9 април 2019

Петти јуни е светскиот ден за заштита на животната средина, воедно и датумот кога ќе се одржи годинашното издание на „Trash Fashion“, натпревар на креации изработени со реупотреба на отпад.

Целта на Trash Fashion 2019 е да ги поттикне и активира средношколците да се насочат кон развивање на свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и креирајќи оригинални модели преку негова реупотреба.

ОХО ги поканува средните училишта да учествуваат во натпреварот, а дополнителни информации за настанот и за тоа како да се регистрираат може да се најдат на веб-страницата www.nrp.org.mk .

За потсетување, натпреварот е во организација на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг „ОХО" .

Тrash Fashion 2019 е единствен натпревар од ваков вид и е наменет за сите средни училишта кои се дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, а е поддржан од Делегација на Европската Унија во републикава и Град Скопје.

 

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
175 пати