Отворениот повик за „Паратисима Скопје“ е во тек

18 март 2016

Третото издание на „Паратисима Скопје“ ќе се одржи од 10 до 12 јуни годинава во Младинскиот културен центар.

Доколку сè уште не сте се пријавиле, а сакате да бидете дел од оваа манифестација, повикот за учество е отворен до 30-ти април.

За учество на „Паратисима Скопје“ може да аплицира секој, сите автори од сите земји, независно од форматот што го користат за изразување.

Секој автор има апсолутна автономија при изборот, техниката и презентацијата на своето дело. Сите учесници, односно нивните дела ќе бидат изложени во МКЦ, со помош и координација од кураторот на „Паратисима Скопје“.

За третото издание на манифестацијата, котизацијата за учество изнесува 1.500 денари.

За подетални информации можете да ја посетите FAQ страницата на веб страната на „Паратисима“.

Електронската форма за апликација можете да ја преземете од линкот овде.

Инаку, „Паратисима Скопје“ е интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии. Поврзувајќи ги постоечките мрежи во секторот на култура и креативност, овој настан нуди можност за соработки и поттикнува раст на нови, органски мрежи кои се во согласност со иновациите и потребите на тековните пазари на културата и уметноста.

Така, доколку работите или се занимавате со визуелна уметност, перформанс, дизајн, архитектура, фотографија, моден дизајн, музика, филм или кој било друг формат на творештво, „Паратисима Скопје“ ве поканува да го споделите своето дело со нова публика!

Објавено:
18 март 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
221 пати