Ова е еден од најубавите хотели на Миконос

25 јули 2019

Грчкиот остров Миконос во последните десетина години е едно од најпосетуваните и најпосакуваните туристички места. Велат, доколку сакате забава, а притоа сакате и да уживате во прекрасните предели, тогаш ова е местото каде што треба да се упатите. 

А кога сме кај уживањето, The Wild Hotel е еден од омилените на инфлуесерите и познатите ѕвезди. Фантастичната локација и совршеното внатрешно уредување го оправдуваат епитетот - најубавиот хотел на островот.

Се наоѓа на самата обала на островот, над карпеста плажа, а погледот на природата околу е нешто што нема цена. За разлика од останатите места на Миконос, овој хотел со сето тоа што го овозможува, дава мир и идеален е за оние што сакаат навистина да се одморат и да почувствуваат спокој. 

Но, сето тоа направено со скапи дизајнерски парчиња за уредување. Она што посебно им се допаѓа на посетителите тука е што преовладуваат природните материјали и неутралните тонови, односно земјените нијанси. Хотелот располага со неколку апартмани, но и приватна вила.

Доколку на гостите не им се симнува до плажата кај карпите, хотелот располага со фантастичен базен сместен во градина, кој може подеднакво да го привлече нивното внимание.

Во продолжение погледнете како изгледа. Доколку би оделе викендов што следи, едно ноќевање чини од 40.000 денари па нагоре, а за следниот продолжен викенд на пример, веќе сите опции се распродадени:

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
951 пати