Ова е најчистата земја на светот!

24 септември 2018

Откако во 2016 – тата година нејзиниот главен град беше прогласен за најзелен во Европа, Словенија деновиве може да се пофали со уште едно неверојатно признание.

Таа е прогласена за најчиста земја во светот според сите стандарди, со 96 од 100 индикатори на одржливост, меѓу кои и грижа за околината, грижа за климатските промени, културна автентичност и слично.

„Бидете горди на својата земја и потрудете се секое место во Словенија да го направи истото во иднина, да ја зачувате земјата зелена, чиста и автентична за туристите“, изјави Алберт Селман на свечената церемонија на доделување на наградите.

Фото: New Statesman

Ова е уште едно од многуте признанија за Словенија, а истото воопшто не треба да нè чуди со оглед на тоа што околу 60 проценти од земјата е покриена со шума, но сите граѓани се грижат за истите да останат чисти.

На нејзиното подрачје има дури 20 илјади разни видови билки и животни распоредени во 40 паркови и национални паркови.

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
749 пати