Ова се 25 – те најдобри филмови во последните 25 години

21 октомври 2015

Кога станува збор за филмови и нивниот рејтинг, веруваме дека досега многупати сте се консултирале со еден од најрелевантните извори – IMDB. Тимот на платформата, деновиве ги одбра најдобрите 25 филмови снимени во последните 25 години. 

Најголемата платформа со најмногу информации поврзани со филмските остварувања, на 17 – ти октомври прослави 25 години постоење, одбележувајќи го роденденот со оваа интересна листа на најдобрите. 

На листата се најдоа филмови што корисниците ги оцениле како најдобри низ годините, односно во периодот од 1990 – та до 2014 – та година. 

Според резултатите, се чини дека љубителите на филмот ширум светот ги обожаваат најдобрите – Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино, Кристофер Нолан и Морган Фриман и сите филмови што се поврзани со нив. 

Дел од листата на најдобрите филмови според изборот на народот, се и „Inglourious Basterds“, „Django Unchained“, „Into the Wild“, сите делови на „The Lord of the rings“ и уште неколку други блокбастери. 

Целосната листа ја имате во продолжение, а истата е одлична инспирација за продолжениот викенд да ви биде вистински филмски!

1990: Goodfellas
1991: The Silence of the Lambs
1992: Reservoir Dogs
1993: Schindler's List
1994: The Shawshank Redemption
1995: Se7en
1996: Fargo
1997: Life Is Beautiful
1998: Saving Private Ryan
1999: Fight Club
2000: Memento
2001: The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring
2002: The Lord of the Rings: The Two Towers
2003: The Lord of the Rings: The Return of the King
2004: Eternal Sunshine of the Spotless Mind
2005: Batman Begins
2006: The Departed
2007: Into the Wild
2008: The Dark Knight_
2009: Inglourious Basterds
2010: Inception
2011: Intouchables
2012: Django Unchained
2013: The Wolf of Wall Street
2014: Interstellar 

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
4.781 пати