Младинскиот културен центар во Скопје е домаќин на четвртото издание на Интернационалниот саем на современи уметници, „Паратисима“. Со музичка програма и забава, вчера вечер беше официјално отворен новиот саем, а за вас што не бевте дел од вчерашната журка, можете да го посетите МКЦ денес и утре, кога ќе биде и затворањето.
Ние бевме и денес и одблиску се сретнавме со работата на уметниците и креативци изложувачи.
Во изминатите три години Паратисима Скопје брои над 300 независни учесници со потекло од 32 земји учесници и 30 специјални проекти на кои учествувале ликовни академии, галерии, колективи и организации кои се активни на културно-уметничката сцена. И оваа година ќе се сретнете со креативци од домашната сцена, но и од странство.
Облека, уметнички дела, креативни решенија, накит, се само дел од она што можете да го сретнете таму, а уште подобро е што настанот е од продажен карактер, па можете тоа што ќе ви се допадне и веднаш да си го купите.
Во продолжение следи и галеријата од настанот во МКЦ, каде изложувачите и организаторите со задоволство ќе ви посакаат добредојде.