Пентхаус по теркот на Иванка Трамп

17 ноември 2014

Богатата наследничка Иванка Трамп и ќерка на Доналд Трамп, со својот сопруг Џаред Кушнер, живее во хедонистички рај  поставен во добро познат елитистички дел на Њујорк. Соседи на богатата брачна двојка е ќерката на Бил и Хилари Клинтон, Никол со своето семејство.

Станот се наоѓа на Парк Авенијата, а и самата Иванка признава дека локацијата била најважниот избор, поради близината на нејзиното работно место до каде пеш може да стигне за 15 минути.

За странскиот магазин Elle Decor , таа освен што ги отвори вратите од нејзиниот луксузен дом, откри и неколку значајни факти околу уредувањето на пентхаусот. Иванка  вели дека лично таа била задолжена околу декорацијата од ентериерот со професионална помош на Кели Бехун.

Во однос на уредувањето, главниот впечаток се сведува на чисти и смирени линии, изобилство од бела боја, футуристички мебел во спој со специјално дизајнирани парчиња инспирирани од 40-тите.

Контрастот го создаваат интензивните сини и виолетово пурпурни бои од деталите, кои перфектно го истакнуваат префинетиот минимализам.

Надвор од нејзиниот пентхаус, Иванка за потребите на магазинот позира во здолниште од Жан Пол Готје, џемпер од Софи Талет, додека обувките и накитот се нејзин сопствен дизајн.

 

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Култура