Пинк, Никол Кидман, Металика, Кајли Миног - познатите донираат милиони за Австралија

8 јануари 2020

Катастрофалните пожари во Австралија ги здружија светски познатите ѕвезди во хумана мисија да ѝ помогнат на оваа земја во бобрата со ужасот.

Фото: Bored Panda

Страшната слика, човечките жртви, црниот биланс што досега укажува на половина милијарда животни што загинаа во пожарите, заканата од исчезнување на одредени видови, огромната зелена површина што досега е опожарена, како и големата материјална штета, се фрапантни податоци кои посочуваат на глобална катастрофа, што ја мобилизираше и светската јавност, познатите личности и хуманитарните организациии, да се приклучат кон помагањето во борбата со огнената стихија и последиците од истата.

Пинк, Кајли Миног, Марго Роби, Никол Кидман, Елтон Џон, членовите на бендот Металика, Новак Ѓоковиќ, се само дел од јавните личности што донираа милионски суми со цел да и помогнат на Австралија во оваа исклучително тешка хаварија која се одразува на целата планета.

 Фото: Bored Panda

„Тотално сум ужасната од сето ова што се случува во Австралија. Ветувам донација од половина милион долари директно за пожарните служби што се борат во првите борбени редови", изјави Пинк.

„Нашата поддршка, мисли и молитви се со сите оние врз кои пожарите во Австралија имаат последици", напишаа Никол Кидман и Кит Урбан кои исто како и Пинк, донираа половина милион долари.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) onJan 4, 2020 at 3:10pm PST

„Минатата година имав можност за прв пат да посетам прекрасни места во мојата родна земја. Враќањето дома во ситуација кога голем дел од земјата е уништен навистина ми го крши срцето. Мала или голема, од блиску или далеку, секоја поддршка и помош е добредојдена за оние кои се засегнати од катастрофата", напиша на својот профил на Инстаграм и австралиската ѕвезда Кајли Миног.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) onJan 5, 2020 at 11:28pm PST

Пожарите веќе со месеци ја пустошат Австралија. Иако во овој период од годината, кога стартува летната сезона на континетот, пожарите се честа појава, овој пат излегоа надвор од контрола и предизвикаа катастрофални штети.

Фото: Инстаграм, Bored Panda

 

Објавено:
8 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
660 пати