По цели 30 години, Том Круз се враќа во Top Gun: Maverick!

19 јули 2019

Веројатно омилениот филм на многумина, Топ Ган следното лето се враќа во кината со дел од старата екипа и секако, секогаш шармантниот Том Круз во главната улога како Маверик.

На годинешното издание на Comic Con во Сан Диего, Калифорнија, за прв пат и официјално беше пуштен првиот трејлер за долгоочекуваниот филм за кој многу се зборуваше во последно време.

Во видеото, Том Круз изгледа ултра згодно како и секогаш, иако од премиерата на првиот дел на Топ Ган се поминати повеќе од 30 години.

Обожавателите на филмот коментираат дека актерот не остарел ниту една година и дека доколку се сними и трето продолжение и тој има 80 години, повторно ќе изгледа исто.

Трејлерот го прикажува пилотот Маверик како управува со неговиот F-18 над песочна пустина, за подоцна да биде прикажан и Ед Харис во разговор со актерот.

Во филмот се појавува и прекрасната актерка Џенифер Конели која ја толкува главната женска улога со која Круз веројатно повторно ќе ја најде љубовта.

Иако се очекуваше филмот да биде премиерно прикажан оваа година, сепак екипата и режисерот Џон Косински решија датумот на прикажување да се помести за 26 – ти јуни, 2020 година.

Погледнете како изгледа дел од екипата на чело со Том Круз повеќе од 30 години подоцна.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
19 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
241 пати