Почина актерката Кери Фишер

28 декември 2016

Американската актерка позната по улогата на принцезата Леа во „Војна на ѕвездите“ Кери Фишер почина во 60 – тата година од својот живот.

Се чини на оваа година во која се збогувавме од многу познати како да и нема крај. Веста за трагичната смрт на познатата актерка ја потврди портпаролот на нејзиното семејство.

Имено, таа беше позната по улогата на принцезата Леа во познатата франшиза „Војна на ѕвездите“, а според информациите од портпаролот, актерката починала како последица на тешкиот срцев удар што го доживеала на 23 – ти декември на летот од Лондон кон Лос Анџелес.

Иако медиумите пишуваа дека нејзината здравствена состојба е стабилна, за жал, докторите сепак не успеале да ја спасат.

Улогата во „Војна на ѕвездите“ од 1977 – та година преку ноќ ја направи актерката ултра популарна и интернационална супер ѕвезда. Оттогаш, таа важи за еден од омилените ликови во филмот обожуван од сите. 

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати