Почина кралицата на ромската музика

11 декември 2016

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепоива, нарекувана Кралица на Ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, која во 2013 г. ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија, а во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем борј хуманитарни акции, денеска ја изгуби битката со болеста.

За деталите околу погребот јавноста ќе биде дополнително информирана.

Објавено:
11 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.316 пати